По 51 година чекање, Болоња се израдува на куп-трофеј во Италија (Видео)

Екипата на Болоња е освојувач на трофејот во Купот на Италија. Во големото финале, Болоња минимално со 1:0 славеше над фаворизираниот Милан. Со оваа победа го исполни сонот и овој клуб стигна до првиот голем трофеј во Италија по пауза од повеќе од половина век.

Радост на куп-трофеј во Болоња немало од 1974 година, а сега го освои вкупно третиот пехар во ова натпреварување. Болоња има и седум титули во Серија А, ама последен пат на Скудето се радувала во далечната 1964 година.

Само пред пет дена Милан со 3:1 ја победи Болоња во првенството, но сега ова беше потполно друг меч со поинаков мотив. Токму тоа го искористи Болоња и во 53-тата минута со голот на Дан Ндоје стигна до 1:0. На крајот се покажа дека тоа е клучниот погодок за освојување на трофејот и може да го видите ТУКА.

По овој неуспех, Милан, кој моментално е на осмото место на табелата, многу лесно може да се случи да остане без место во европските купови за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести