Болоња против Наполи игра за себе, но индиректно и за Интер

1958 Касимпаша – Бешикташ (19.00 часот)

Касимпаша е тим со најмногу нерешени резултати во турската лига сезонава, има дури 11 ремија во 28 кола. Но, во последните пет кола само еднаш одигра нерешено, а и Бешикташ одамна не играл нерешено, иако има осум ремија сезонава. Бешикташ по победата над Галатасарај, има прилика да ја продолжи потерата по третиот Самсунспор, кој е во криза. Касимпаша е поефикасен тим од Бешикташ, но одбраната им е проблем, само два тима примиле повеќе голови. Традицијата е на страна на домашните, Касимпаша има три победи по ред против Бешикташ.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.95)

 

3611 Болоња – Наполи (20.45 часот)

Откако Интер освои само бод викендов, Наполи има шанса со победа да дојде на минус еден во однос на лидерот. Но, Болоња е во феноменална форма, има пет победи по ред, се бори за место во ЛШ и ова ќе биде дерби дуел на два тима коишто имаат само по четири порази сезонава во Серија А. Наполи е тим со најмалку примени голови во лигата, но од 18 јануари не победил на гости, а Болоња дома нема пораз во 2025 година. Последните две меѓусебни средби на овие тимови во Болоња завршуваа нерешено, Болоња дома не го победила Наполи уште од 2019 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.15)

 

1126 Лестер – Њукасл (21.00 часот)

На Лисиците, кои резултатски се во слободен пат, се чини дека им нема спас и ќе испаднат, а Чавките се седми со два меча помалку од конкурентите и посакуваат пласман во Лигата на шампионите или барем во Лигата на Европа. Ова се два тима кои многу ретко играат нерешено, само по петпати сезонава. Првиот меѓусебен дуел на овие екипи сезонава заврши 4-0 за Њукасл. Лестер на четири меча по ред нема дадено гол против Њукасл.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)

 

1360 Леганес – Осасуна (21.00)

Мадридскиот тим има три порази по ред и се наоѓа во опасната зона, а Осасуна му бега седум бода, но не е сосема безбедна, особено не ако загуби вечерва. Осасуна има серија од седум меча по ред без победа, а експерти се за ремија, имаат 13 нерешени во 29 кола. Леганес е третиот најнеефикасен тим во Ла Лига, додека последната гостинска лигашка победа на Осасуна беше во октомври. Тимот од Памплона победи на своето последно гостување кај Леганес, но тоа беше уште во август 2019 година, првиот дуел сезонава им заврши 1-1.

Предлог тип: & 0-3 (1.68)

 

2854 Спортинг – Брага (21.45 часот)

Лавовите од Лисабон се борат за титула, тие се најефикасен тим во португалската лига, а им гостува Брага, која е четврта и има еднаков број примени голови како Спортинг. Минус на Брага е нападот кој е многу понеефикасен од тој на Спортинг. Есеноска во Брага, Спортинг победи со 4-2, и тоа откако на полувреме противникот водеше со 2-0. Брага прими три „петарди“ по ред на последните три гостувања кај Спортинг во сите натпреварувања.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.00)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести