Болоња со победа над Рома на „Олимпико“ ита кон Лигата на шампионите (Видео)

Тијаго Мота и Болоња продолжуваат да прават чуда во италијанската Серија А и се чекор поблиску до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Болоња победи со 1-3 на гостувањето на „Олимпико“ во Рим против Рома, со што им избега со седум, односно со осум бода на Рома и Аталанта, директните конкуренти за пласман во Лигата на шампионите.

Болоња во фудбалска Европа нема играно уште од 2002 година, кога настапи во најслабото клупско натпреварување, Интер-тото купот. Во Лигата на шампионите нема играно никогаш, а само во сезоната 1964/65 играше во Европскиот куп, панданот на денешната Лига на шампиони.

Сега Болоња е на четвртата позиција само со два поени помалку од третопласираниот Јувентус, а италијанската Серија А следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести