Болтон вондерерс ќе треба да приреди првокласно чудо за да опстане во Лига еден во Англија, има на располагање само 7 фудбалери со професионален договор, нема пари и ќе стартува со минус од 12 бодови, но го има најважното. Страшно лојални навивачи, кои приредија гест за огромен респект.
Фановите на некогашниот премиерлигаш купија околу 2 илјади билети за утрешното гостување кај Викомб, на премиерниот меч за Вондерерс во новата сезона, со што покажаа дека нема да го остават клубот на цедило, без разлика на големата криза што го тресе Болтон.
Лани не одиграа еден меч од Чемпионшип, откако играчите поради тоа што немаа земено плата долг период штрајкуваа, па ФА ги казни со минус од 12 бодови.
Болтон и е познат и на македонската јавност, бидејќи играше двомеч со Работнички во квалификациите за Европа Лигата во 2007/08 и беше поуспешен со вкупен резултат од 2:1.