Бомба: Дурант формира ново дуо со Лилард во Портланд!

Кевин Дурант го напушта тимот на Бруклин нетс и кариерата ја продолжува во Портланд трејлблејзерс.

Дурант се сели кај Демиен Лилард со кого ќе формира ново ѕвездено дуо, а за возврат Мрежичките ќе ги добијат Џош Харт, Енфирни Симонс, Насир Литл и три идни пикови од првата рунда на драфтот.

Со овој трејд се најавува распадот на Бруклин. Пред само половина година во овој тим играа Дурант, Харден и Ирвинг. Брадата замина во Филаделфија, додека и Кајри се подготвува за преселба.

За шпекулациите потполно да разгорат, Лилард на својот инстаграм-профил објави фотографија на која стои покрај новиот соиграч.

- Оглас -

Најнови вести