Герет Бејл се договорил со Лос Анџелес ФК, и се наоѓа на прагот да стави потпис на едногодишниот договор со овој тим од американската МЛС лига.
Бејл на кого летово му истече договорот со Реал Мадрид, имаше повеќе понуди, но реши да ја прифати таа на Лос Анџелес, клуб кој летово го донесе и Џорџо Кјелини. Член на Лос Анџелес е и засега несудениот македонски репрезентативец Даниел Мусовски.
Дебито на Бејл и Кјелини во дресот на Лос Анџелес ФК може да биде на 8-ми јули и тоа во градското дерби против Галакси.