Бомба на Барди, се тресе стадионот во Скопје (Видео)

Остануваат уште десетина минути за играње, а Македонија изедначи на 1-1 против Италија, резултат кој ги оддалечува Аѕурите од место на Европското првенство следната година.

Актуелниот европски првак поведе со гол на Чиро Имобиле во 47-ма минута, а израмни Енис Барди со мајсторија од слободен удар во 81-ва минута. Ова значи дека двата гола ги постигнаа фудбалерите кои ја носат капитенската лента.

Ова е голот на Барди:

- Оглас -

Најнови вести