Онана го чинеше победа Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер јунајтед одигра 1:1 против Барнли на „Олд трафорд“ во мечот од 35-тото коло во Премиер лигата. По ремито, Манчестер јунајтед остана е шести на табелата со 54 бода и веќе и теоретски ги загуби шансите за четвртото место кое го држи Астон вила и која има 12 бода повеќе.

Црвените ѓаволи поведоа со голот на Антони во 79-тата минута. Ова беше прв гол за Бразилецот во 2024 година во мечевите од Премиер лигата.

Но, Јунајтед не ги освои сите три бода бидејќи во 87-тата минута Амдуни од пенал го израми резултатот. Голманот на Јунајтед, Андре Онана, во обидот да ја исфрли топката од сопствениот петерец, го удри токму Амдуни, по што судијата Брукс по консулација со ВАР-собата и прегледување на спорниот момент, досуди пенал за Барнли.
Барнли со бодот ги задржа шансите за опстанок бидејќи има 24 бода, само два помалку од Нотингам форест кој е во безбедната зона.

Њукасл во двата меча против Шефилд јунајтед сезонава постигна дури 13 гола. Денеска Чавките на „Сент Џејмс парк“ славеа со убедливи 5:1, додека во првиот дел од сезоната беа уште поубедливи, победија со 8:0.

Со победата, Њукасл дојде на само еден бод од Манчестер јунајтед на табелата и во последните три кола ќе се бори за местото кое води во европските купови.

Вулверхамптон со 2:1 го победи Лутон кој остана во зоната на испаѓање.
Во лондонската пресметка, Фулам и Кристал палас одиграа без победник 1:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести