15.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

„Бомба“ на Барди во победата на Коњаспор во Купот на Турција (Видео)

Коњаспор со убедливи 5-0 славеше над третолигашот Алиага во Купот на Турција, а четвртиот гол на мечот беше дело на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Нашиот репрезентативец успеа да постигне гол во 81-вата минута, откако беше уфрлен во игра на полувремето. Барди стрелаше со прецизен удар од над 20 метри.

За Енис Барди ова е прв гол во 2026 година, или вкупно петти во дресот на Коњаспор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести