„Бомба“ од Франција: ПСЖ тргнува по потписот на Мане

Од земјата на светскиот првак стигнаа информации дека ПСЖ подготвува стратегија за ангажман на ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане. Светците ќе го искористат летниот преоден рок во 2020 година да ги добијат услугите на одличниот Сенегалец и еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Управата на ПСЖ верува дека Мане е вистинскиот фудбалер кој може да го замени Нејмар, кому му се бројат деновите во Градот на Светлината. Иако за Бразилецот платија рекордни 222 милиони евра, Светците повторно ќе трошат огромен дел од средствата за да останат еднакво квалитетни во нападот и по евентуалното заминување на Нејмар.

Мане поседува квалитети кои ексиграчот на Барселона ги нема, како на пример: извршување на дефанзивните задачи и придонесот во нападот на Црвените. Дваесет и седумгодишниот офанзивец минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци во Англија со 22 погодоци, а оваа сезона исто така е клучен за европскиот првак – Мане брои 13 гола и 7 асистенции на 21 меч во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести