Интер наводно го договорил трансферот на Дејан Кулушевски, младиот Швеѓанец со македонско потекло кој сезонава ги освои симпатиите во Серија А. Играчот на Аталанта, кој моментално ги брани боите на Парма како позајмен играч, е пред преселба на „Џузепе Меаца“ во вредност од 35 милиони евра, тврдат италијанските медиуми.
Италијанскиот гигант веќе ги договорил сите услови со Аталанта за трансферот, но останува да се најде заеднички јазик со Парма, која засега не сака да го пушти Кулушевски пред крајот на оваа сезона. Крилниот офанзивец само со 19 години ужива во секоја добиена шанса од тренерот Доберто Д‘Аверса. Во Серија А запиша 15 настапи на кои реализира три погодоци и пет асистенции, што е доволно да се најде на листата желби на Антонио Конте.
Интер напоредно работи и на ангажирање на Артуро Видал, играчот за врска на Барселона. Нераѕурите преферираат да го доведат Чилеанецот на шестмесечна позајмица, а дури налето да го откупат неговиот договор од шпанскиот првак.