7.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Бомба од Манчестер: Сити го купува еден од најбараните дефанзивци

Манчестер сити реши да се засили во пресрет на вториот дел од сезоната во Премиер лигата. Тренерот на Граѓаните најавуваше дека му е потребна дополнителна стабилност во одбраната, па затоа челниците на клубот решија да реагираат и да го доведат капитенот на Кристал Палас, Марк Геи.

Се работи за еден од најбараните дефанзивци во Англија, а Геи треба да ја пополни празнината во дефанзивниот ред која се појави по повредата на Јошко Гвардиол. Хрватскиот репрезентативци ќе паузира неколку месеци, па Геи треба да ја донеесе потребната стабилност во одбраната на местото на Гвардиол.

Актуелниот договор на Геи со Кристал палас истекува на крајот од сезоната, што значи дека налето ќе можеше да си замине како слободен играч, а вака лондонскиот тим за трансферот ќе заработи 20 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести