28.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Бомба од Португалија, Јирген Клоп може да седне на клупата на некогашниот европски првак?!

Кандидатот за претседател на Бенфика, Кристобал Карваљо, јавно изјави дека доколку победи на изборите, ќе се обиде да го убеди Јирген Клоп да ги преземе „Орлите“ од Лисабон.

„Со мене, Бруно Лаге нема да остане по истекот на договорот во јуни. Ни треба тренер од највисоко ниво, некој со трофеј од Лигата на шампионите кој може да го донесе тој трофеј во Бенфика. Постои само едно име за тоа – Јирген Клоп. Тој во минатото има кажано дека Бенфика е голем клуб кој би сакал да го води еден ден“, истакна Карваљо.

Сепак, такво сценарио може да се реализира дури откако ќе истече договорот на сегашниот тренер Бруно Лаге во јуни следната година.

Откако го напушти Ливерпул во летото 2024 година, Клоп ја презеде улогата на глобален директор за фудбал во Ред Бул, работејќи со РБ Лајпциг, Ред Бул Салцбург и Њујорк Ред Булс. И покрај неговото привремено пензионирање од тренерската кариера, Германецот останува еден од најбараните во светскиот фудбал.

Еден друг кандидат за прв човек на Бенфика вети дека ако победи на изборите, ќе го донесе Бернардо Силва од Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести