Енис Барди само што го постигна четвртиот гол сезонава за Леванте во Ла Лига, од Шпанија „згрмеа“ шпекулации кои го поврзуваат со трансфер на кариерата во редовите на Арсенал. Македонската ѕвезда игра во одлична форма по продолжувањето на сезоната, по што го вклучи алармот на Топчиите да тргнат по неговиот потпис.
Засега не се споменуваат цифри, но Арсенал со сигурност ќе се обиде да го оствари ангажманот на нашиот репрезентативец, за кого постои интерес и од Фиорентина, но и од Бундеслигата. Артета во Барди гледа како идеално засилување во средниот ред, воедно би бил замена за Матео Гендузи кој е на излезна врата.
Барди претходно денес го постигна четвриот првенствен гол во победата над Бетис со 4-2, а има уште три асистенции во вкупно 28 настапи за Леванте во шпанското првенство. По потпишувањето на новиот договор, клаузулата на Барди изнесува 50 милиони евра, што значи дека Леванте може добро да заработи од негов евентуален трансфер во Премиер лигата, со оглед на тоа на Ујпешт му платија само 1,5 милиони евра во летото 2017 година.