Бомба во Серија А, се враќа Антонио Конте

Антонио Конте се враќа во Серија А откако се согласил од следната сезона да ја предводи екипата на Милан, објавија италијанските медиуми.

Според медиумите, преговорите со Конте ги водел Златан Ибрахимовиќ, кој кон крајот на минатата година доби функција во управата и тие завршиле со договор.
Оваа вест доаѓа само десетина дена откако Конте одби да го замени Жозе Мурињо во Рома.

https://twitter.com/footitalia1/status/1752072465159786847

 

Доколку седне на клупата на Милан, тогаш Конте ќе стане еден од ретките тренери кои ги тренирале трите најтрофејни италијански екипи, Јувентус, Интер и Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести