Најдобриот стрелец во Бундеслигата во изминативе неколку сезони, Роберт Левандовски, потпиша нов договор со Баерн Минхен. Полскиот голгетер ќе се задржи на „Алијанц арената“ најмалку до јуни 2023 година, па ќе може да запише вкупно девет сезони во црвениот дрес на германскиот првак.
„Јас и моето семејство сме среќни тука, така што потписот на новиот договор беше логичен потег за мене. Баерн одамна стана мој дом, со овој клуб остварив многу успех во кариерата и планирам така да продолжиме. Горд сум што сум дел на еден европски гигант со најголеми амбиции“, истакна Левандовски.
Полјакот е трет најдобар стрелец во клупската историја со 197 погодоци на 246 меча во дресот на Баерн. Повеќе гола од него имаат само Карл-Хајнц Румениге (217) и Герд Милер (508).
https://twitter.com/FCBayernEN/status/1167077721496870912