12.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Бомбастичен трансфер во Хрватска: Исмаел Бенасер од Милан доаѓа во Динамо Загреб

Во последниот ден од преодниот рок во Хрватска, Динамо Загреб го комплетира трансферот на Исмаел Бенасер од Милан. Алжирскиот репрезентативец пристигнува во Динамо на едногодишна позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната.

Дваесет и седумгодишниот Бенасер отпатува за Загреб, каде што треба да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот.

Информацијата официјално ја потврди и Динамо Загреб:

„Со големо задоволство можеме да објавиме дека алжирскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, ќе го засили Динамо“, порачаа од хрватскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести