Бомбата на Видал ги фрли во сенка победите на поранешните светски прваци (Видео)

Капитенот на Чиле, Артуро Видал со два гола во првото полувреме и донесе значајна победа на својата репрезентација против Перу, а долго ќе се памти бомбата од далечина во 20. минута за водство од 1:0.

Видал погоди прецизно со страшно атрактивен удар, па голманот на Перу, Гаљезе немоќно само го следеше летот на топката што заврши во мрежата.

https://www.youtube.com/watch?v=FK6rxMXfpRY

Претходно во меч од квалификациите за СП во Катар, Уругвај лесно ја победи Колмубија на гостински терен со 3:0. Стрелци на головите за поранешниот светски првак беа Кавани, Суарес од пенал и Нуњес.

Најтрофејната фудбалска нација, Бразил се намачи против Венецуела, но сепак остана единствената селекција во јужноамериканските квалификации со максимален учинок по три кола. За тоа се погрижи Фирмино со победнички гол во 67.минута.

 

- Оглас -

Најнови вести