Бонучи открива: Ги молев да останам, а тие едноставно ме избркаа

Леонардо Бонучи помина точно 10 години поделени во две етапи во дресот на Јувентус. Искусниот 36-годишен дефанзивец освои дури девет титули во Серија А и четири трофеи во Купот на Италија, а летово мораше да си замине од тимот од Торино. Бонучи потпиша за Унион Берлин, но откри дека бил многу разочаран од начинот на којшто си замина од Јувентус.

„Читам и слушам неверојатни лаги кои во Јувентус се кажуваат за мене, а најмногу се истакнува тренерот Алегри. Не е вистина дека во февруари од клубот ми рекле дека сакаат јас да си заминам на крајот од сезоната. Тоа се случи на 13 јуни, кога директорите дојдоа кај мене дома и ме известија дека веќе не сум дел од клубот. Ми рекоа дека моето присуство во клубот спречува некој да се развива. Толку многу бев понижен од клубот за којшто одиграв 500 меча и тоа ми го направија само два месеца откако се согласив да останам, дури и да бидам петти или шести избор за стопер само за да им помогнам на младите“, открива Бонучи.

Искусниот дефанзивец за првпат во кариерата ќе игра надвор од Италија, и тоа во бундеслигаш кој ќе биде дел од Лигата на шампионитете.

- Оглас -

Најнови вести