16.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Бонучи се извини за хаосот што го направија фудбалерите во соблекувалната во Палермо

Италија доживеа големо разочарување откако на домашен терен во Палермо загуби од Македонија и со тоа беше елиминирана од трката за пласман на Светското првенство. По мечот, се појави снимка на која се гледа дека соблекувалната во која беа италијанските репрезентативци изгледа како депонија.

Пред утрешниот меч на Италија со Турција на гости, Леонардо Бонучи се сети на хаосот во соблекувалната и ѝ се извини на италијанската јавност.

„Не можете од фудбалери да очекувате да ја остават соблекувалната во беспрекорна состојба, но ова навистина е одвратно. Кога ќе видите во каква состојба е оставена соблекувалната, едноставно ќе ви падне жал за луѓето кои потоа требало да го исчистат тоа. Тоа беше наша голема грешка, следниот пат ќе внимаваме многу повеќе. Бевме многу разочарани и не внимававме, но во иднина такво нешто нема да се случи. Се извинуваме“, рече Бонучи.

Како изгледаше италијанската соблекувална по мечот, може да видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести