Бонучи за првпат во кариерата ќе игра надвор од Италија, и тоа во Бундеслигата за да игра во Лигата на шампионите

Легендарниот италијански дефанзивец Леонардо Бонучи е пред изненадувачки трансфер во Бундеслигата. На искусниот 36-годишен Бонучи летово му заврши договорот со Јувентус, а Старата дама не сакаше да му ја продолжи соработката, па дефанзивецот остана слободен играч.

Според најавите, Бонучи во новата сезона ќе го носи дресот на екипата на Унион Берлин. Фудбалерот и клубот имаат усмен договор, кој треба да се официјализира до крајот на денот. Бонучи ќе потпише едногодишен договор со клубот кој ќе игра и во групната фаза од Лигата на шампионите.

Во текот на целата кариера Бонучи играше во Италија, а бил играч на Интер, Тревизо, Пиза, Бари, а стана клупска легенда на Јувентус, додека една сезона играше и во Милан. За репрезентацијата на Италија одигра 121 натпревар.

- Оглас -

Најнови вести