Бориело искрен: “Конте е чудовиште, за малку ќе добиев срцев удар од неговите тренинзи“

Поранешниот италијански репрезентативен напаѓач, Марко Бориело, гостуваше во емисијата на славниот Бобо Виери. Тие разговараа за кариерата на фудбалерот, но Бориело посебно се задржа на Антонио Конте, кој му беше тренер во Јувентус, кога како позајмен од Рома настапуваше за клубот од Торино.

– “Повраќав на неговите тренинзи. Медицинскиот тим цело време не држеше на око, ни ги следеа очукувањата на срцето. Штом пулсот ќе паднеше, веднаш ни велеа да го засилиме ритамот. Имав 196 отчукувања во минута. Давав 99% од себе, бев блиску до срцев удар. Фабио Кваљарела тивко пцуеше. Конте беше чудовиште, но и маестро кој прецизно не водеше низ натпреварите. На крајот од денот стануваш подобар фудбалер. Екипата играше одлично, добро се чувствувавме, што го покажувавме и на теренот. Го освоивме италијанското првенство, а тој имаше добри резултати и во други клубови.“ – рече Барела кој во својата кариера настапуваше за голем број на екипи, а забележа и седум настапи за репрезентацијата на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести