Борнмут е рутина за Сити, Кејн во „клубот 200“ (видео)

Манчестер сити со рутинирани 2-1 ја запиша 10-тата последователна победа против Борнмут во Премиер лигата на исто толку меча, одржувајќи го перфектрниот рекорд против Црешите. Граѓаните го расипаа планот на Еди Хау во обидот да ја спаси екипата од елиминација во Шампионат лигата, па Борнмут во последните две кола ќе го бара опстанокот.

Давид Силва со спектакуларен погодок од слободен удар ја отвори средбата во шестата минута, па Жесус се погрижи уште пред паузата да нема дилеми околу победникот на овој меч.

https://www.youtube.com/watch?v=mJV242RVemc

Гостите постигнаа еден гол кој се поништи поради офсајд позиција, но Брукс успеа да реализира почесен гол за конечни 2-1 во 89-тата минута. а за израмнување беше доцна иако Борнмут имаше неколку обиди. Сити стигна до 75 бода по 24-тата победа во Премиер лигата, додека Борнмут останува на 18-тото место со 31 бод.

Тотенхем со помош на Хари Кејн и неговиот 200-ти клупски погодок во кариерата, славеше на гостувањето кај Њукасл со конечни 2-1. Избраниците на Жозе Мурињо се изборија за важни три бода со кои се наметнаа на Вулверхемптон и Шефилд во битката за Лигата на Европа.

https://twitter.com/AdemolaVictor/status/1283468669067112451

Сон по 27 минути го скрши мразот на „Сент Џејмс парк“, па домаќините пред еден час игра мораа да израмнуваат преку Ричи. Сепак, неизвесноста траеше кратко, бидејќи Кејн набрзо донесе нова предност за гостите, а на истекот од регуларните 90 минути ја реши средбата со конечни 3-1. Тотенхем стигна до седмата позиција со 55 бода на две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата.

Во меѓувреме, Барнли во последните минути од судиското надополнување се спаси од пораз против Вулверхемптон при конечни 1-1.

- Оглас -

Најнови вести