Една од последните мајстории на Давид Силва во Премиер лигата (видео)

Ако ова е последниот погодок на Давид Силва во Премиер лигата, тогаш шпанскиот магипничар се отпишува на најдобар можен начин. Капитенот на Манчестер сити го игра еден од последните натпревари на англиско тло, бидејќи по крајот на сезоната ќе си замине по 11 години бранејќи ги боите на Граѓаните.

Силва со фантастичен слободен удар го отвори мечот против Борнмут по само шест минути игра и потсети дека неговите мајстории ќе ни недостасуваат следната сезона кога ќе му заврши соработката со гигантот од Манчестер.

https://twitter.com/wilnoticias/status/1283449405128024067

- Оглас -

Најнови вести