Борнмут оштетен против Вест хем, судијата и ВАР-собата не видоа играње во рака на Керер

Фудбалерите на Вест со 2:0 го совладаа Борнмут во последниот натпревар од 13-тото коло во Премиер лигата, а повторно во главната улога беа судиите и ВАР-технологијата.

Со триумфот, Чеканите скокнаа шест позиции на табелата и сега се 10-ти со 14 освоени бодови, додека Борнмут остана на 13 бода и се наоѓа на 14-тото место.

Домаќините доминираа во првото полувреме, но надмоќната игра ја крунисаа дури во последните моменти пред паузата, кога Курт Зума на асистенција на Томас Соучек го отвори резултатот.

Гостите тргнаа поофанзивно во второто полувреме, но Чеканите успеаја да се одбранат, а згора на тоа имаа среќа во финишот, кога судијата во 82-рата минута не досуди пенал за Борнмут иако дефанзивецот на Вест хем, Керер, играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Сепак, судијата Коти и ВАР-собата останаа неми и не реагираа.

Од друга страна, по асистенција од ВАР-собата, судијата Коти досуди пенал за Вест хем, по што Бенрама ја завери победата на тимот од Лондон.

- Оглас -

Најнови вести