Борците за човекови права бараат Њукасл да не им биде продаден на Саудијците

Фудбалот и политиката не треба да се мешаат, но во реалноста е поинаку. Невладината организација „Амнести интернешенл“, која се бори за човековите права во светот, со писмо го предупреди раководството на Премиер лигата да не дозволи фудбалскиот клуб Њукасл да биде купен од саудискиот принц Мохамед бин Салман бидејќи тоа ќе биде користено за пропаганда и подобрување на имиџот на оваа земја.

Саудиска Арабија константно е оценета како држава со најлоша состојба на човековите права во светот. Таму посебно се загрозени правата на жените, а во кралството кое е богато со нафта често се извршува смртна казна со јавно сечење глава.

Против продажбата на Чавките на Саудијците е и „БеИН спортс“, катарската компанија која ги има ТВ-правата и чиј сопственик е претседателот на Пари Сен Жермен. Насер Ал-Келаифи се жали дека на интернет од страна на Саудијци се крадат преноси од фудбалските мечеви за кои платил ексклузивни права. Катар и Саудиска Арабија имаат и лоши политички односи.

Саудиската инвестиција во Њукасл би била 350 милиони евра, со што Бин Салман би поседувал 80 проценти од акциите на клубот од „Сент Џејмс парк“. Потоа се најавуваат и вложувања од околу 400 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести