Борусија Дортмунд со многу среќа стигна до трите бода во дуелот против Сент Паули, во 18. коло на Бундеслигата и победи со 3:2 пред своите навивачи на „Сигнал Идуна Парк“.
Милионерите кои се на второто место на табелата очекуваа многу полесна задача против тимот кој е во зоната за испаѓање, но не беше така. Борусија поведе со голот на брант во последните моменти од првото полувреме, а веќе во 54 минута Адејеми погоди за 2:0 за фаворитот.
Сент Паули не се предаде и со гола по прекини стигна до израмнување на 2:2.
🚨🚨| GOAL: SANDS PULLS ONE BACK!!!
Borussia Dortmund 2-1 St. Paulipic.twitter.com/8iTlp4W2J8
— CentreGoals. (@centregoals) January 17, 2026
Кога се очекуваше средбата да заврши 2:2, гостинските фудбалери направија голем кикс, беше напрвен фаул на работ од шеснаесетникот, а ВАР проверката покажа дека тоа е за пенал. Емре Џан погоди од белата точка во 90+5 минута и Борусија стигна до посакуваната победа.
🚨🚨| GOAL: EMRE CAN HAS WON IT FOR BVB AT THE VERY LAST MINUTE!!!
Borussia Dortmund 3-2 St. Paulipic.twitter.com/cLGeEgFNQ5
— CentreGoals. (@centregoals) January 17, 2026
Во останатите мечеви кои се одиграа денеска: Келн – Мајнц 2:1, Хофенхајм – Баер Леверкузен 1:0, Хамбургер – Борусија Менхенгладбах 0:0, Волфсбург – Хајденхајм 1:1.

