Покрај Халанд и Санчо, Борусија Дортмунд доби нова голема ѕвезда

Клаудио Рејна беше еден од надобрите американски фудбалери, а синоќа во Дортмунд го видовме и неговиот наследник. Џовани Рејна е 17-годишниот син на Клаудио, кој го носи дресот на Борусија Дортмунд. Џовани ги помина сите младински категории во Њујорк сити, а момчето кое е родено во 2002 година на почетокот на сезонава направи трансфер во Борусија.

Рејна заигра за младинскиот тим на Борусија и во младинската Лига на шампиони даде четири гола во четири меча, а во младинското германско првенство во 11 средби постигна четири гола, а имаше и седум асистенции. Тоа беше знак дека тинејџерот треба да биде прекомандуван во првиот состав на Борусија.

По пет одиграни меча во Бундеслигата, Џовани доби шанса да дебитира и во Лигата на шампионите и веднаш блесна. Во игра влезе во 67-мата минута, а само 10-тина минути подоцна асистираше за вториот гол на Халанд во победата од 2:1 на Милионерите против Пари Сен Жермен. Американецот прими една топка на средината на теренот, навлече двајца играч на себе, а потоа додаде до Халанд, кој биеше прецизно од околу 20 метри.

https://youtu.be/010MvxkhKRM

Според многумина, Џовани треба да биде уште подобар од неговиот татко, а Рејна имаше одлична кариера за еден фудбалер кој доаѓа од САД. Рејна во својата кариера настапуваше за Баер Леверкузен, Волфсбург, потоа замина во Ренџерс, а се истакна и во Сандерленд и Манчестер сити. Кариерата ја заврши во 2008 година како играч на Њујорк сити. Во кариерата Рејна имаше и 112 настапи за селекцијата на САД, а постигна и осум гола.

Таткото Рејна играше на позицијата во средниот ред, додека неговиот наследник исто така е во средниот ред, но со повеќе офанзивни задачи.

- Оглас -

Најнови вести