Борусија Дортмунд имаше шанса барем привремено да се искачи на врвот од Бундеслигата и да го мине Баерн Минхен, но за тоа им беше потребна победа над Лајпциг.
Сепак, мечот на „Сигнал Идуна парк“ заврши нерешено, па нема промени на врвот од табелата. Лајпциг поведе преку Баумгартнер уште во седмата минута, а домашните израмнија во 23-тата минута преку Коуто. Иако двете екипи заедно упатија 30-тина удари кон противничкиот гол, сепак на крајот се покажа дека конечниот резултат беше поставен уште во таа 23-та минута.
Поранешниот шампион на Германија, Баер Леверкузен, дојде до нова победа со која се искачи на четвртата позиција на табелата. „Фармацевтите“ со 2-0 славеа над Унион Берлин со головите на Поку во 33-тата и на Кофане во 49-тата минута.
Резултати:
Аугсбург – Волфсбург 3-1
Баер Леверкузен – Унион Берлин 2-0
Борусија Дортмунд – Лајпциг 1-1
Вердер Бремен – Сент Паули 1-0