Борусија Дортмунд цврсто е на врвот, Фулам тоне на дното

Пако Алкасер и Марко Ројс погодија експресно во рок од седум минути, доволно за нова победа на Борусија Дортмунд во Бундеслигата.

Популарните „милионери“ останаа единствената екипа без пораз во Германија, па голот на Крузе не им ја загрози победата од 2:1 против Вердер.

Тимот од Дортмунд има 39 бодови, девет повеќе од имењакот од Менхенгладбах и од актуелниот првак Баерн.

Во Премиерлигата продолжи лошата серија на Фулам, со пораз од Вест Хем во лондонското дерби.

Снодграс и Антонио беа стрелци за гостите во 17. и 29. минута, а потоа повеќе од еден час немаше гол, па Вест Хем со триумф од 2:0 ги освои бодовите и стаса на делба на осмата позиција со 24 бода.

Фулам има само девет бодови и е последен на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести