Борусија победи, но Мамелоди има играч кој е и ѕвезда и малер!

Борусија Дортмунд со 4-3 го победи Мамелоди во интересен меч од Светското клупско првенство, па барем привремено го презеде првото место на табелата во групата во која се и Флуминенсе и Улсан.

Екипата од Јужна Африка покажа дека е добар тим во кој предничи 29-годишниот фудбалер Икрам Рајнерс. Рајнерс на овој клупски Мундијал за 150 минути на терен има два гола, два поништени гола и трипати погодуваше статива или пречка. Тој им донесе победа над Улсан, а и денеска против Германците даде гол. Да имаше малку среќа со шутевите кои завршија во стативите, тој ќе беше прв стрелец на првенството.

Дортмунд за кој Џоб Белингам го постигна својот прв гол во дресот на овој клуб, по водството од 4-1 како да се опушти, па во финишот се доведоа во ситуација да стравуваат, а и голманот Кобел има заслуга што не примија повеќе голови против незгодниот тим од Преторија.

- Оглас -

Најнови вести