17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Борусија потроши неверојатни 11 милиони евра за реновирање на кујната!

Борусија Дортмунд потпиша само со еден играч летово, тоа е Џоб Белингам за кој платија 30,5 милиони евра за да го донесат од Сандерленд, а освен братот на Џуд, нема да има други потписи.

Според весникот „Билд“, причината за толку ниските инвестиции во трансфери лежи надвор од теренот: клубот морал да издвои значителен дел од своите ресурси за реновирање на кујната на својот стадион „Сигнал Идуна Парк“.

За реновирањето ќе се потроши една петтина од буџетот. Одлуката за реновирање на кујната е донесена по здравствената инспекција минатата година, која ја класифицираше структурата како „застарена и несоодветна“.

Раководството на Борусија одлучи да даде приоритет на прилагодувањето на објектите на стадионот според здравствените прописи, но тоа ја ограничи активноста на трансфер пазарот. Новата кујна бараше целосно реновирање кое чинеше вкупно дури 11 милиони евра.

Единствениот начин да се донесат нови играчи ако ги продадат Никлас Зиле и Јулијан Брант.

 

- Оглас -

Најнови вести