21.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Босански шок за Грција на Евробаскетот, Израел тесно до победа над Белгија

Босна и Херцеговина дојде до сензационална победа на Европското кошаркарско првенство откако славеше со тесни 80-77 над Грција и така ги задржаа шансите да ја минат групата.

Грците беа без Јанис Адетокумбо во составот, а тоа се одрази и на нивната игра. Сепак, почетокот на мечот не навестуваше вакво сценарио. Грција ја доби првата четвртина со 25-19, но следуваше комплетен пресврт, па Босанците заминаа на полувремето со водство од 44-38.

Предноста на Босна и Херцеговина се зголемуваше и во третиот период, а Грците во последната четвртина се обидоа да се вратат резултатски, но само успеаја да го ублажат поразот.

Нуркиќ и Робертсон со по 18 поени беа најефикасни на мечот.

Израел ја оправда фаворитската улога против Белгија и победи со 92-89, но до триумфот дојде многу потешко од очекуваното, и тоа пред сè поради опуштањето во последниот период кој го загуби со 14 поени разлика.

- Оглас -

Најнови вести