Финска со 3-1 славеше во Зеница против Босна и Херцеговина, и изби на второто место во групата Д, со бод зад Франција која има и еден меч помалку, а два пред Украина која е трета. Босанците се отпишани од трката за бараж, а во последното коло, БиХ игра дома со Украина, додека Финска ја пречекува Франција.
Босанците беа силно мотивирани и убедени дека може да победат, но работите не одеа според нивниот план. Финска утна пенал, па поведе, а гостите останаа и со човек помалку кога Раитала го повреди Колашинац. Но, и со играч помалку, Финска даде два гола и на крај триумфираше со 3-1.
Ова е голот на Менало кој не ја спречи босанската фудбалска трагедија:
https://twitter.com/i/status/1459545612966375425