23.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Бошко Ѓуровски се чувствува добро

Некогашниот македонски репрезентативец и легенда на Црвена ѕвезда, Бошко Ѓуровски, се чувствува добро, откако утрово му се слоши и колабираше. Ѓуровски беше присутен и зборуваше за време на комеморацијата на Дејан Миловановиќ, кога наеднаш се онесвести и падна на земја.

Брзо реагираа присутните, а Ѓуровски беше префрлен на во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, од каде стигнуваат смирувачки тонови.

„Бошко се чувствува добро и е во добра општа здравствена состојба“, изјави проф. д-р Милован Бојиќ.

Црвена ѕвезда преку соопштение потврди дека легендарниот фудбалер е добро, но и тоа дека треба да има дополнителни прегледи.

„На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, на Ѓуровски одеднаш му се слоши за време на говорот. Легендарниот фудбалер на нашиот клуб брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, каде што беше подложен на детални прегледи“, се вели во соопштението за јавноста на Црвена ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести