Бостон и Кливленд по план, водат со 2:0, Хјустон го возврати ударот на Воините (Видео)

Актуелниот НБА-првак Бостон селтикс немаше никакви проблеми во дуелот против Орландо и рутински победи со 109:100 за водство од 2:0 во плејоф-серијата. Иако пред почетокот на плејофот се жалеше на одредени повреди, Џелејн Браун е лидерот на Бостон.

Против Орландо, Браун постигна 36 поени, а имаше и 10 скока и пет асистенции. Кај победничкиот тим одлични беа и Порзингис со 20 поени и 10 скока, како и Дерик Вајт со 17 поени. Кај Орландо најпрецизен беше Пауло Банчеро со 32 поена, девет скока и седум асистенции, додека Франц Вагнер постигна 25 поени.

Со девет разлика победи и Кливленд против Мајами, а резултатот на крајот беше 121:112. По овој триумф, Кливленд води со 2:0 во серијата. Клучна за победата на домаќините беше втората четвртина, која Кливленд ја доби со 43:27 и потоа рутински до крајот го сочува водството.

Очекувано прв стрелец кај Кливленд беше Донован Мичел со 30 поени, а имаше и по шест скока и исто толку асистенции. Кај Мајами најефикасен беше Хиро со 33 поени.

Домашниот терен го искористи и Хјустон и на убедлив начин со 109:94 го победи Голден стејт вориорс. Уште од првата четвртина домаќините стигнаа до двоцифрена предност и до крајот не им дозволија на Воините да се понадеваат на пресврт. Резултатот во оваа серија сега е израмнет на 1:1.

- Оглас -

Најнови вести