Бостон бруинс – Колумбус блу џекетс (01.00 часот)
Ова е дуел на искуство против одморен тим. Екипата од Бостон ќе ја има предноста на домашниот терен до крајот на плејофот, и за тоа треба да му се заблагодари на Колумбус кој го шокираше првиот носител, Тампа беј, во првото коло.
Бруинс е фаворит, веројатно ќе биде многу претпазлив против Блу џекетс, бидејќи виде на што е способен овој ривал кој е преполн со самодоверба. Значењето на домашниот терен за Бостон се виде во првата рунда кога во мајсторка го победи Торонто.
Предлог тип: 1 (2.10)
Сент Луис блуз – Далас старс (03.30 часот)
Во оваа серија, нема фаворити, а тоа се гледа и преку меѓусебните дуели. Годинава овие тимови се сретнаа четири пати, и скорот е 3-1 за Далас. „Ѕвездите“ двапати победија во Сент Луис, со 4-1 и 3-1, можеби третиот меч ќе биде среќен за домашните. Овие тимови во првото коло елиминираа тимови кои беа подобри од нив во регуларната сезона.
Предлог тип: > 4.50 (1.70)
Сан Антонио спарс – Денвер нагетс (02.00 часот)
Спарс пред своите навивачи ќе се обиде да избори за мајсторка против Нагетс. Во ерата на Грег Попович, а тоа се 22 сезони, на Сан Антонио не му се случило две сезони поред да испаднат во првото коло, па пред „мамузите“ е сериозен предизвик.
Искуството на тексашаните како клуб е неспоредливо поголемо од тоа на Денвер кој во последните 25 години, само еднаш бил во второто коло. На 20 април, Денвер прекина серија од 15 порази по ред во Сан Антонио.
Предлог тип: 1 & >208.50 (3.10)
Никола Јокиќ (Сан Антонио – Денвер 02.00 часот)
Српскиот центар во оваа серија има просек од 19,6 поени, 11,6 скока и девет асистенции по меч, што е блиску до трипл-дабл просек. Надежите на Нагетс се базираат врз неговата форма. Топката често ќе оди во негови раце ако имаат проблем со негатива.
Предлог тип: > 20.5 (1.80)
Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио спарс – Денвер нагетс 02.00 часот)
Крилото на Сан Антонио во серијата против „грутките“ дава од 15 до 24 поени, а Спарс за да триумфира, му треба придонес од повеќе поединци. Кога Олдриџ беше ефикасен и даваше по 24 поени, тимот губеше од Денвер. Затоа, овојпат придонесот на Олдриџ може да биде во други елементи, нема да форсира со шут.
Предлог тип: < 22.5 (1.75)