23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Бостон оди по 12-тата, а Денвер по седмата победа по ред (Фото)

Бостон селтикс има 11 победи по ред во НБА-лигата. Лидерот на Истокот последниот пораз го претрпе на 2 февруари, па затоа Келтите се големи фаворити на хартија според квотите во Sport Life и вечерва на гостувањето кај Кливленд.

Кавалирс е трет на табелата на Истокот и иако има два порази на претходните три меча, нема да биде лесен залак за Тејтум и другарите.

На повеќето од деветте мечеви кои се играат вечерва по полноќ има јасни фаворити кои би требало да победат. Таков е примерот и со Мајами хит, кој има осум победи на последните десет меча, а вечер го пречекува Детроит, кој заедно со Вашингтон се најслаби екипи во лигата.

Убава победничка серија од шест победи по ред има првакот Денвер нагетс. Вечерва Јокиќ и дружината се домаќини на Феникс и го бараат седмиот триумф едноподруго.

- Оглас -

Најнови вести