Бостон против Оклахома сити е дербито на вечерта во НБА, победникот може да обезбеди плејоф

Бостон селтикс против Оклахома Сити тандер е натпреварот на вечерта во НБА-лигата, дуел на актуелниот првак со моментниот лидер на Западот.

Двата тима се во одлична форма, Бостон има скор 15-3 на последните 18 меча, а Оклахома има 16 победи и три порази на последните 19 меча. Тоа се тимови кои се во топ 5 во лигата и според ефикасноста и најмалку примени поени.

Победа за гостите од Оклахома сити ќе значи дека тие ќе обезбедат место во топ 6 и директно учество во плејофот, додека Селтикс освен негова победа, му треба и пораз на Атланта од Шарлот.

Во Бостон ќе има и „револверашка“ битка на Шај Гилџиус-Александер, кој сезонава има просек од 32,7 поени по меч против Џејсон Тејтум, кој во просек дава по 27,2 поени.

Инаку во Sport Life освен на големиот број игри за мечевите, има и 80-тина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат вечерва.

- Оглас -

Најнови вести