Актуелниот НБА-шампион, Бостон селтикс, многу потешко од очекуваното и по продолжение успеа да го добие мечот против ЛА клиперс на гостински терен. Во самиот финиш Селтикси имаа водство од 103-99, но домашните успеаја со мини-серија од 4-0 да израмнат и да се изборат за продолжение.
Таму Бостон ја заврши работата што требаше и можеше да ја реши уште во регуларните 48 минути и дојде до победа од 117-113.
Хјустон излезе како победник од најинтересниот натпревар во ноќната НБА-понуда и го победи лидерот на табелата, Кливленд, само со половина кош, односно 109-108.
Натпреварот помеѓу Њу Орлеанс и Милвоки не се одигра и беше одложен поради лошите временски услови во сојузната држава Луизијана, па екипите дополнително ќе го добијат новиот термин за одигрување.
Резултати:
Атланта – Детроит 104-114
Бруклин – Феникс 84-108
Далас – Минесота 114-115
Хјустон – Кливленд 109-108
Мемфис – Шарлот 132-120
Оклахома – Јута 123-114
Сакраменто – Голден стејт 123-117
ЛА Клиперс – Бостон 113-117 (103-103)
Њу Орлеанс – Милвоки одложена