Кошаркарите на Бостон селтикс славеа како гости против Мајами хит со резултат 116-119.
Анферни Симонс постигна 39 поени, што е негов рекорд сезонава, додека Џејлен Браун додаде 27.
Сем Хаузер придонесе со 17 поени за Селтикс, кои имаа негатива и до 19 поени, но на крајот стигнаа до голем пресврт и победа.
Кај Мајами, Норман Пауел постигна 26 поени, а Бам Адебајо и Тајлер Хиро додадоа по 22.
Оклахома сити тандер беше убедлива на гости против Хјустон, а Шарлот хорнетс го изненадија составот на ЛА лејкерс.
Ламело Бол постигна 27 од своите 30 поени во второто полувреме, израмнувајќи го својот најдобар ефект во кариерата со девет тројки, а Шарлот хорнетс ги совладаа Лос Анџелес лејкерс со 117-135.
Брендон Милер постигна 26 поени за Хорнетс, додека Мајлс Бриџис додаде 25, а дебитантот Кон Книпел 19 поени.
Кај Лејкерс, ниту 39 поени на Лука Дончиќ и 29 кошеви на Леброн Џејмс не беа доволни за да се избегне поразот.
Резултати: Детроит – Феникс 108-105, Хјустон – Оклахома 91-111, Мајами – Бостон 114-119, Сан Антонио – Милвоки 119-101, Далас – Јута 144-122, Голден стејт – Њујорк 126-113, Портланд – Атланта 117-101, ЛА лејкерс – Шарлот 117-135.

