Валтери Ботас го освои Тексас и ја забележа четвртата победа сезонава, но вистински победник е Луис Хамилтон, кој го издржа притисокот на Марк Ферстапен во драматичен финиш и втор мина низ целта, доволно за шеста титула во кариерата.
Британецот е недостижен до крајот на сезоната, а имаше и многу среќа на патеката во Остин, Тексас. Во самиот финиш, Ферстапен имаше понови гуми и возеше побрзо, но жолтото знаме, што беше истакнато по инцидентот и излетувањето на Маркусен, му помогна на староновиот шампион да ги одбие нападите.
На Хамилтон му беше доволна втората позиција за да освои шеста круни и успеа како втор зад Ботас да мине низ целта.
„Ви благодарам за поддршката и за напорната работа. Напредуваме“, изјави староновиот шампион.
Ова е еден-два победа на Мерцедес, а титулата не им бега и во конкуренција на конструктори.
Лоша вечер имаше Ферари, а Фетел поради проблеми со болидот, ја заврши трката во раната фаза, додека и Леклер не беше многу подобар.