Србинот Јан Карло Симиќ имаше деби од соништата за првиот тим на Милан, ова што му се случи денеска е како некоја среќна бајка. Првпат влезе во игра и даде гол, па многумина се заинтересираа кој е младиот Симиќ.
На Симиќ кој е роден пред 18 години и 229 дена во Германија, татко му е Србин од Босна, мајката е Србинка, и одбра да настапува за младите селекции на Србија. Желба му било да стане адвокат, но животот имаше поинаков план. Зборува англиски, италијански, српски, германски и француски.
После голот на Симиќ, еден навивач успеа да ја сними и емотивната реакција на родителите на младиот Србин. Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1736360163131392218