Божиќно дрво во август во Мадрид: Анчелоти во Реал ја враќа тактиката со која газеше во Милан

Реал Мадрид на одличен начин ја започна сезоната. Кралскиот клуб победи на првите три меча, и тоа сите три ги играше на гостински терен, па е единствен со максимални девет бода на врвот на табелата.

И покрај победите, тренерот на Реал, Карло Анчелоти, се соочува со проблеми, и тоа околу составот. Се повредија Винисиус Јуниор, Тибо Куртоа и Едер Милито и сите тројца подолг период нема да бидат во составот.

Токму поради тоа, Анчелоти ќе мора да менува во формацијата, а најавите се дека италијанскиот стратег ќе формира „божиќно дрво“ во Реал. Оваа формација „божиќно дрво“ стана славна во времето кога Анчелоти беше тренер на Милан и во 2007 година ја освои Лигата на шампионите. Тоа е формација 4-3-2-1, а кога ќе се намести оваа формација на теренот, личи на божиќно дрво.

Реал во следното коло ќе игра против Хетафе, а најавите се дека Анчелоти по 17 години пауза, повторно ја враќа формацијата 4-3-2-1. Во оваа формација, во првиот тим на Реал нема место за ветераните Лука Модриќ и Тони Крос.

- Оглас -

Најнови вести