„Божјата рака“ се појави во Романија, најскандалозен гол сезонава (Видео)

Босанскиот фудбалер, Елвир Кољиќ од Универзитатеа Крајова, вечерва во меч од романската лига даде гол со рака, за кој уште долго ќе се коментира.

Кољиќ во 10-тата минута на гостувањето на неговиот тим кај Сепси Сфинтул Георге, даде нерегуларен гол за 1-1, но судијата не виде дека Босанецот со рака ја шутна топјата во гол и го призна. Попусти беа протестите од Стефан Ашковски и неговите соиграчи.

Правдата беше исправена, домашниот тим победи со 3-1, но голот на Кољиќ беше тоа за што се зборува после мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести