Брага е фаворит против Панатинаикос, треба да има голови во Норвешка и Израел

6872 Брага – Панатинаикос (21.00 часот)

Брага во новата сезона влегува со нов сопственик (емирот на Катар, кој е газда и на ПСЖ) и амбициите се влез во групната фаза во Лигата на шампионите. Португалскиот тим до плејофот за пласман во ЛШ дојде по двете лесни победи над српскиот вицешампион ТСЦ од 3:0 и 4:1 и ќе ја има фаворитската улога и вечерва против грчкиот тим. Панатинаикос играше едно квалификациско коло повеќе, прво го елиминира Днипро-1, а во претходната рунда благодарение на голот во 99-тата минута обезбеди продолженија против Олимпик Марсеј и потоа преку пенал-рулетот, дојде до двомечот со Брага.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)

 

6870 Молде – Галатасарај (21.00 часот)

Норвешкиот шампион во првите две кола играше „соседски“ дуели, против финскиот ХЈК Хелсинки (0:1,2:0) и сензацијата во квалификациите, КИ Клаксвик (1:2,2:0) од Фарски Острови, но во плејофот го чека турскиот силен првак Галатасарај. Галатасарај немаше проблеми против Жалгирис (2:2,1:0) и Олимпија Љубљана (3:0,1:0). За очекување е Галатасарај, кој е фаворит за пласман во групната фаза во ЛШ, да не се брани во Норвешка и да тргне офанзивно, што е најава за ефикасен натпревар.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.10)

 

6871 Макаби Хаифа – Јанг бојс (21.00 часот)

Израелскиот шампион беше сензација минатата сезона во ЛШ откако беше подобар од Јувентус во групната фаза и обезбеди пласман во нокаут-фазата во Лигата на Европа, а и сезонава до елитното натпреварување ќе мора да дојде преку квалификациите. Макаби беше подобар од Шериф Тираспол (0:1,4:1) и од Слован Братислава, кого го победи со 2:1 и 3:1. Сезонава Макаби пред своите гледачи одигра три официјални меча, остварувајќи три победи со гол-разлика 10:3, што е најава за ефикасен натпревар и вечерва. Јанг бојс веќе неколку години доминира во швајцарскиот шампионат и сезонава покажа дека повторно е главен фаворит за титулата и притоа да биде најефикасен тим.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

6711 Хибернијан – Астон вила (18.45 часот)

Ова е островски дуел за пласман во групната фаза во Лигата на конференции и Астон вила е голем фаворит не само за пласман во групната фаза, туку и за триумф во натпреварувањето, под услов Унаи Емери да одлучи да игра со најсилниот тим. Астон Вила летово ангажира неколку квалитетни засилувања и за очекување е премиерлигашот да слави уште вечерва на гости.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.07)

 

5601 Бока јуниорс – Расинг клуб (02.30 часот)

Ова е прв натпревар од четвртфиналето во Копа Либертадорес, и тоа меѓу две аргентински екипи. Бока е голем фаворит за пласман во полуфиналето на Копа Либертадорес и притоа нема пораз на домашен терен од Расинг во ова натпреварување. Досега двапати играле на славната „Бомбоњера“ во рамките на Копа Либертадорес и Бока има еден триумф и реми без голови. Летово Бока потпиша со Единсон Кавани и се очекува Уругваецот да ја предводи екипата кон титула во ова натпреварување. На последниот меѓусебен дуел, кој се играше во рамките на аргентискиот шампионат, славеше Бока со 3:1.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (2.35)

- Оглас -

Најнови вести