Брајант: Јас, па Џордан, па Леброн

Дилемата кој е најдобар кошаркар во НБА-лигата на сите времиња останува, но Коби Брајант го даде своето мислење околу тоа прашање. Играчот кој со Лос Анџелес лејкерс освои пет титули во НБА без скромност вели дека тој е најдобриот кошаркар кој некогаш заиграл во НБА-лигата.

Брајант беше гостин во едно шоу кога го прашаа да одлучи кој е подобар меѓу него, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Коби најпрво не сакаше да одговори, знаејќи дека тоа ќе повлече голем број реакции. „Знаете што ќе кажам, но нема бидејќи потоа сите ќе дебатираат за тоа“. Сепак, подоцна сепак реши да каже: „Јас, па Џордан, па Леброн“.

Коби во текот на целата 20-годишна кариера играше во дресот на Лос Анџелес лејкерс и имаше просек од 25 поени по меч. Вкупно 18 пати беше дел од Олстар-тимот, а четири пати беше МВП на Олстарот. Два пати беше најкорисен играч во финалето, а само еднаш беше избран за МВП на лигата.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1110912694054543360

 

- Оглас -

Најнови вести