Брајтон ја најде замената за Де Ѕерби: Премиер лигата го добива најмладиот тренер во историјата

Раководството на премиерлигашот Брајот замената за Роберто де Ѕерби ја најде во Германија. Се работи за тренерот кој го внесе Ст. Паули во Бундеслигата, Фабијан Хорцелер, но она што е интересно е тоа дека тој има само 31 година.

Се очекува Брајтон и официјално да го промовира новиот тренер, со што Премиер лигата ќе го добие најмладиот тренер во историјата. Досегашниот рекорд беше во сопственост на Крис Колман, кој со 33 години го водеше Фулам.

Хорцелер е роден во Хјустон, САД, но има германско и швајцарско потекло. Во играчката кариера настапувал за младинците и втората екипа на Баерн Минхен, а потоа и во вторите екипи на Хофенхајм и Минхен 1860, како и за нисколигашите Пипинсрид и Елмсботлер. Тренерската кариера ја започнува само на 23 години, кога е играч и тренер на Пипинсрид, а по завршувањето на кариерата само на 29-годишна возраст станува тренер на Ст. Паули.

- Оглас -

Најнови вести