Во најсилните лиги во Европа денеска се играат прилично многу натпревари, некои од нив се многу интересни на свој начин бидејќи тимовите си имаат свои математики. Обложувалниците Sport Life стандардно нудат три квоти на денот, а ние како додаток уфрливме по еден меч од битката за опстанок во шпанската лига и полуфиналето на германскиот куп.
Тотенхем – Брајтон (20.45 часот)
Тотенхем се бори за место во ЛШ, а Брајтон за опстанок, па тука нема да има калкулирање бидејќи бодовите им се многу потребни на двата тима. Традицијата е на страна на домашните, кои на новиот стадион редовно даваат барем по два гола. Верувале или не, Брајтон од 9 март наваму нема дадено гол на премиерлигашки меч.
Предлог тип: 1+I& 3+ (2.05)
Ватфорд – Саутхемптон (20.45 часот)
Ватфорд, кој е најпријатно изненадување сезонава во Премиер лигата, на свој терен не знае за пораз на седум од последните осум меча. Саутхемптон игра променливо, а има пет бода повеќе од Кардиф, кој е во опасната зона. Јужњаците од септември немаат победено тим кој не се бори за опстанок. Но, Ватфорд 12 години не славел дома против Саутхемптон.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.20)
Алавес – Барселона (21.30 часот)
Ако победи на гостувањето во Баскија, Барселона уште утре може да стане шампион. Алавес се бори за излез на европска сцена, па дуелот со Каталонците им доаѓа во многу незгоден момент. Алавес дома не знае за победа на последните пет меча, а против Барса, има една победа и 10 порази во последните 11 соочувања.
Предлог тип: 2 & 3-5 (2.45)
Хамбургер – Лајпциг (20.45 часот)
Ова е дуел од полуфиналето на Купот на Германија. Гостите се фаворити на хартија, но Хамбугер иако сезонава е второлигаш, има амбиција да влезе во финалето во кое би играл со Вердер или Баерн. Лајпциг од 19 јануари нема пораз на официјален меч, па и овојпат сметаме дека нема да загуби.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.67)
Валјадолид – Жирона (20.30 часот)
Валјадолид со една нога е во втора лига и мора да победи ако сака да си ги задржи шансите за опстанок, но ќе биде тешко. Валјадолид е најнеефикасен тим во лигата. Жирона има пет порази по ред, но четири беа против екипи од горниот дел. Поради важноста на мечот, не би требало да има преголема ефикасност. Со триумф, домашните би ја престигнале Жирона.
Предлог тип: Х (3.15)