Брајтвајт: Ни жена ми не знаеше дека ќе потпишам за Барселона

Новиот напаѓач на Барселона, Мартин Брајтвајт, кој зимава неочекувано дојде во клубот како „гаранција“ после повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле, бил изненаден од понудата, а додека не биде дефинитивно постигнат договорот, не кажувал никому,  дури ниту на жена му.

Брајтвајт дојде од Леганес, и опиша како се одвивале настаните.

„Не добив јас директен телефонски повик, но имав многу чиста порака дека Барселона е многу заинтересирана за мене. Не кажав никому за тоа. Бев среќен, ни ги криев емоциите, додека работата не биде 100 проценти завршена. Дури и жена ми не знаеше ништо. Кога веќе падна договорот, ѝ реков дека треба да разговараме за нешто, иако можеби веќе прочитала по медиумите или дека некој роднина ѝ кажал. Откако потшишав, сите роднини ме прашуваа зошто не сум им кажал“ – вели Брајтвајт.

- Оглас -

Најнови вести